еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Три земји од Африка, Нигер, Мали и Буркина Фасо, формираа бебедносен сојуз

Три земји од Африка, Нигер, Мали и Буркина Фасо, формираа безбедносен сојуз, пренесуваат светските агенции.

И во трите земји моментално на власт се воени хунти, а формирањето на сојузот подразбира меѓусебна помош и поддршка во случај на бунт или надворешна агресија.

„Секој напад на суверенитетот и територијалниот интегритет на една или повеќе договорни страни, ќе се смета за агресија на сите“, се наведува во Повелбата на пактот.

Во документот се наведува дека државите ќе си помагаат меѓусебно „поединечно или колективно, вклучително и со употреба на вооружени сили“.

Мали, Нигер и Буркина Фасо, заедно со Чад и Мавританија, беа дел од здружените сили Г5 на Сахел кои имаа поддршка од Франција. Но, Мали ја напушти организацијата по воениот удар во земјата, по што Франција беше принудена да ги повлече своите трупи од Буркина Фасо и Мали. Официјален Париз е во тензични односи и со хунтата во Нигер.

Видео: Firstpost

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Започна Пастрамајлијадата во Штип: На евроамбасадорот Гир му се бендиса штипската пастрамајлија долга два метри со десет килограми месо

Редакција

(Видео+Фото) Заев во Њујорк се сретна со Мицотакис: Средбата пред камерите изгледаше пријателска

Редакција

Учениците ќе се тестираат со брзи антигенски тестови, бидејќи се асимптоматски носители на вирусот, најави Филипче

Редакција