еМагазин
Image default
Бизнис

(Видео) Владата предлага закон за отпис на каматите и репрограмирање на долговите на граѓаните дадени на извршување

Ќе се отпишуваат каматите за долгови дадени на извршување, што граѓаните ги имаат кон државен орган, јавно претпријатие или установа на централно или локално ниво направени заклучно со 31 декември 2017 година.

Законското решение треба да добие поддршка утре на седница на Владата, а го соопшти денеска премиерот Зоран Заев на заедничка прес-конференција со министерката за правда, Рената Дескоска.

„Сите предмети дадени на извршување заклучно со 31 декември 2017 година од страна на јавни и државни претпријатија и уставнови се бришат. Доверителите се должни да направат отпис на каматите и репрограмирање на долгот во рок од три месеци од стапување во сила на овој закон“, рече премиерот.

Тој ги повика и приватните доверители да го направат тоа на доброволна основа и изрази надеж дека тоа ќе го направат особено оние што можат да си го дозволат тоа и да прифатат.


Според премиерот, со ова се исправа уште една неправда направена во 2011 годна, кога старите извршни предмети беа префрлени на изршители и нотари.

Меѓу измените, премиерот ги напомена и изземањето од извршување на граѓаните корисници на гарантиран минимален приход, примателите до просечна плата и пензија, како и корисниците на семејна пензија.

До Собранието ќе биде испратен и Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, со кој се предвидува надминување на проблемите на јавните претпријатија основани од општините, особено за долговите преземени од страна на општините.

Со овој Предлог-закон се предвидува задолжителен отпис на каматите од страна на доверителите кои се државни органи, како и репрограмирање на долговите и трошоците на јавните претпријатија, со цел нормално функционирање на јавните претпријатија и непречена реализација на нивните развојни активности.

Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, предлогот за измени и дополнувања на Законот за извршување, како и Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, ќе бидат утврдени на утрешната седница на Владата, по што веднаш ќе бидат испратени на усвојување во Собранието.

Фото/Видео:Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хари Костов и Маја Стевкова Штериева остануваат во Управниот одбор на Комерцијална банка уште шест години

Редакција

Народна банка: Економскиот раст годинава само 2,9%, инфлацијата 8,8%

Редакција

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството вработува 8 лица, плата до 31.323 денари

Редакција