еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Во Берово утре пак јавно ќе се мачат коњи

Повеќе здруженија за заштита на животните регираат за утрешниот настан “Штрапаријада”, кој се одржува во Берово, а на кој коњи се прислуваат насилно да влечат трупци.

-Под изговорот дека се работи за одржување на спортски настан, сведочиме на мачење на животните, на една суровост и примитивизам кој до краен степен ја нарушува нивната благосостојба.

Ако само го погледнете видеото од Штрапаријадата одржана минатата година или истата од 07.05.2023 година, во истата организација, ќе посведочите на крајно нехумано и сурово однесување спрема животните од страна на учесниците, проследено со влечење, тепање, присилба на коњи која го надминува нивниот физиолошки капацитет, здравствена или кондициона способност.

Законот за штита и благосостојба на животните во членот 4 јасно предвидува дека:

“Во секој можен случај и под секакви околности, секој треба да дејствува на хуман и грижлив начин кон животните”.

“На животните треба да им се обезбеди нормално однесување имајќи го во предвид видот, старосната категорија и нивните физиолошки и етолошки потреби.”

“Забрането е присилување на животните на работа која го надминува нивниот физиолошки капацитет, здравствена или кондициона способност.”

Членот 233 од Кривичниот законик определува дека: “Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.”

Организаторот и учесниците не само што со своите дејствија вршат кривично дело, целиот овој настан од почеток до крај е проследен со бројни пропусти, односно се работи за една бесправна импровизација во секој поглед.

Организаторот нема никакви правила за одржување на настанот, никаква организациска поставеност, настанот се одржува без склучен договор со правно лице за обезбедување на истиот, без присуство на Итна помош, без потпишан договор со ветеринарно друштво кое би било присутно со оглед на тоа дека главни учесници се животни.

Организаторот притоа спротивно на закон, врши нерегистрирана дејност, односно продава билети, храна и пијалоци, без дозвола од надлежен орган.

Потеклото на труповите кои се користат и после одржувањето на неколку настани од ваков тип е непроверено, односно прашањето: Дали сечата на труповите кои се употребуваат на настанот е извршена легално, односно дали организаторот поседува документација за сечата и вршење на транспорот до сега никој од надлежните го нема одговорено, иако сето ова им се случува пред очи.

И за крај, Општината, поради само за неа познати причини, целосно е индиферентна по однос на овој настан, односно се иззема од било каква надлежност иако овие примитивни, сурови и целосно непотребни случувањ оставаат многу лоша слика за истата пред очите на светот.

Штрапаријадата во Берово е само уште еден доказ за целосно нефукционирање на системот, за целосно игнорирање на случувањата на надлежните институции, кои не што не постапуваат по службена должност што е нивна законска обврска, туку и не реагираат соодветно и кога ќе им го посочиш проблот.

Вакво недозволиво однесување и безредие на мала група на луѓе, кои со секоја своја постапка кршат закон не би била можна кога институциите на системот би си ја вршеле работата за која се платени.

Овој настан и во минатото и сега е пријавен од сите здруженија за заштита на животните, стои во рекцијата која ја пренесуваат повеќе здруженија.

Фото: Малеш Нет/You tube

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Задолжителната вакцинација и во приватниот сектор, бара Стопанската комора

Редакција

Каков имот пријавил судијата Герасимовски, кој поднесе оставка од Судскиот совет

Редакција

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Редакција