еМагазин
Image default
Локално

(Видео) Во угостителски објект на автопатот Тетово-Гостивар откриени танчерки од странство, а биле прекршени и ковид мерките

На 10.01.2021 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Тетово и Одделот за специјални полициски операции презедоа мерки и активности на територија на СВР Тетово и утврдија дека работи угостителски објект во близина на автопатот Тетово-Гостивар, а биле затекнати и 18 женски лица (15 од странство- Русија, Украина, Бугарија, Србија, БиХ , Латвија и три од РСМ), кои работеле како танчерки и придружнички на гости, а три женски лица од странство биле затекнати во собите од мотелот, информираат од МВР

„Странските државјанки се приведени и предадени на Одделение за странци и реадмисија при РЦ Север за понатамошно постапување. При претресот кај А.А. (30) е пронајден и пиштол, кој е одземен за понатамошна постапка, а А.А. е приведен.

Во објектот биле затекнати 49 гости и седум вработени во угостителскиот објект и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за непочитување на Одлуката на Владата за рестриктивни мерки за работа на угостителските објекти заради заштита на населението од Ковид 19,“ се вели во соопштението на МВР.

Фото/Видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР фати бегалец од Идризово

Редакција

Приведен криминалец од Тетовско баран со меѓународна потерница за издржување шест години затвор

Редакција

Во изминатото деноноќие регистрирани 704 прекршоци за неносење маски

Редакција