еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Вучиќ и Радев заедно открија споменик на Свети Кирил и Методиј во Димитровград

Ќе се обидеме да ги почитуваме работите што нè врзуваат и приближуваат, како и да ги решаваме работите што не делеа во минатото, истакна претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на денешната средба со претседателот на Бугарија, Румен Радев и откривањето на споменик на Свети Кирил и Методиј во Димитровград, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ на прес-конференцијата изрази благодарност до Бугарија на подршката за европскиот пат, оценувајќи дека двете земји немаат никакви проблеми, како во посета на споменици, така и во решавањето на сите историски проблеми кои треба да се остават зад нас и да се размислува за иднината.

– Ние сме браќа и со отварањето на споменикот на Свети Кирил и Методиј ги почитуваме работите кои не врзуваат и зближуваат, и ќе ги решаваме оние малку работи што во минатото не раздвојувале, изјави Вучиќ, кој додаде дека на средбата со Радев е разговарано за бугарското национално малцинство и градбата на автопатот кон Софија, реконструкција на пругата Ниш -Димитровград и брзата пруга Белград – Ниш, изградбата на интерконекторот со гас во вредност 89 милиони евра и за отварањато на нови гранични премини.

Додека Радев истакна дека двата народа имаат духовна и историска блискост, заедничка историја, но и заедничка иднина. Тој порача дека „споменикот покажува како двата народи со почитување се однесуваат кон разликите и како на разумен начин се решава она што ги оддалечувало, и да можат и на другите држави во регионот да им покажат како се гради пријателство и како се почитуваат историски корени”.

– Блиски сме, не само географски, туку и духовно, токму Кирил и Методиј ја покажаа оваа блискост низ вековите, бидејќи пишуваме на истата азбука, со што малку луѓе можат да се пофалат.

Сакам да им се заблагодарам на сите што придонесоа овој настан да се одржи и да им се обратам на нашите сонародници и да се потсетиме на зборовите на Вучиќ кога го поставивме камен-темелникот, што и јас го споделувам – бидете слободни и горди да се изразите и чувајте го својот дух, корените јазикот и идентитетот, но не заборавајте да сте лојални граѓани на земјата во која живеете и ги почитувате законите на земјата во која живеете, бидејќи тоа е начинот да се постигне заедничка европска иднина, изјави Радев.

Одговарајќи на прашање на бугарските новинари за тоа дали некој сака да ги смени имињата на улиците на бугарските херои, лидери и револуционери, луѓе кои се важни за бугарската историја, Вучиќ одговори дека „тоа ни случајно не ни паѓа на памет”.

– Ги гледаме Бугарите како пријатели и ја немаме таа доза на страст што ја покажувате. Ние од време на време, дури не реагираме кога некој ќе ни каже дека Пирот или Ниш се Бугарија. Дури и како претседател, јас не реагирам на тоа, истакна Вучиќ, додавајќи дека грешат оние што велат дека Димитровград е најсиромашната област во Србија.

– Ние сме сиромашна земја, но знаеме некои во ЕУ кои не се многу побогати од нас. А имаме посиромашни места во најмалку три области во Србија, одговори Вучиќ и потсети дека според растот Србија оваа година е втора во Европа по Литванија.

– И колку да се обидува некој во Бугарија да направи некоја тензија кон Србија, од Србија само ќе добиете пријателски одговор, бидејќи ние ве сметаме за браќа, порача срспкиот претседател.

МИА/Фото: Фејсбук/Вучиќ/видео: Vecernje novosti

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изборите во Бугарија без јасен победник, проруските сили добиваат поддршка

Редакција

Во Атика, Коринт и на Родос 118 објекти се опасни за употреба по големите пожари

Редакција

Двајца српски туристи заразени со корона вирусот во Едипсос на грчкиот остров Евиа, а 87 се негативни

Редакција