еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

По кратко и тешко боледување, почина познатиот српски актер Жарко Лаушевиќ

По кратко и тешко боледување, почина познатиот српски актер Жарко Лаушевиќ.

Зад себе остави сопруга, три деца и бројни улоги по кои ќе биде запаметен.

Она што животот на овој актер му го промени, како на филм, е кога ноќта измеѓу 30 и 31 јули 1993 година во едно кафуле во Подгорица, се најде во ситуација во која, во самоодбрана уби двајца, а еден беше ранет. Набрзо беше осуден, затворен и прогонет, пишува српски Блиц.

По пет години поминати во затвор ја напушти Србија и се пресели во САД. Деталите за овој период од животот Лаушевиќ ги открива во „Годината поминува, денот никогаш“.

По оваа книга, е снимена и серијата „Пад“.

Лаушевиќ ќе биде запаметен по бројните улоги во филмови и серии како „Сиви дом“,„Косовски бој“, „Игумански марш“…

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали за гласањето, броењето на гласовите, резултатите и како да поднесете жалба

Редакција

24-годишно момче од Ресен починало од Ковид-19

Редакција

(Вознемирувачки видеа) Дворовите на болниците во Газа станаа мртовечници

Редакција