еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

24-годишно момче од Ресен починало од Ковид-19

24-годишно момче од Ресен утрово починало на Инфективното одделение во Битола како последица од Ковид-19, објави nezavisen.mk.

„Пациентот (24г), од Ресен на 25 август беше хоспитализиран во делот за суспектни за Ковид-19, во ковид центарот во КБ Битола, во тешка општа состојба со ниска сатурација, со масивна бронхопневмонија.

Веднаш е поставен на соодветна комбинирана терапија и перманентна максимална кислородна поддршка. Земен брис, добиен ковид-позитивен резултат.

Кај пациентот и покрај преземените интензивни и реанимациони мерки настапи смрт утрово,“ потврдува за „Независен“ д-р Билјана Гагачовска, директор на Битолската клиничка болница.

Според неа починатиот не бил вакциниран.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во М-НАВ не се почитувани процедурите за обезбедување, велат од Агенцијата за цивилно воздухопловство

Редакција

МНР склучи договор со „Еуровиа“ од Желино вреден 1,8 милион евра

Редакција

Од денеска влез во Грција без сертификати и без никакви рестрикции за невакцинираните внатре во земјата

Редакција