еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Запален автомобилот на екс градоначалникот Шилегов, во пожарот оштетени уште три возила

Рано утрово во Скопје беа опожарени четири возила, а како што јавија повеќе медиуми едно од нив е на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

„На 09.03.2022 во 03,20 часот било пријавено дека на ул. „Петре Пирузе“ во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш..

Од пожарот зафатени биле и патнички моторни возила „пасат“, „матиз“ и „нисан“ со скопски регистарски ознаки, сите сопственост на Д.М. (53).

Се врши увид и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Фото: Град Скопје/видео: Радио Лидер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судската драма на актерката Стојановска продолжува, Обвинителство ја обжали ослободителната пресуда

Редакција

Заев најави лидерска средба, Мицкоски нема да учествувал ако поканата дојде од Пендаровски

Редакција

Клиничките фармацевти во „Zan Mitrev Clinic“ промотивно достапни на онлајн консултација за сите пациенти

Редакција