еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Видео) Горна ледина во НП Маврово, идеална за одмор и лесно планинарење

Мештаните местото го викаат Горна ледина. Се наоѓа измеѓу селата Велебрдо, Битуше т.е некаде над с. Ростуше и кањонот на Ростушка река (Ростушки водопад Дуф).

Од главниот пат кој води кон с Битуше се врти лево од каде што почнува планински пат. После 3 до 4 километри пешачење или возење со теренско возило се стигнува до ова убаво излетничко место каде што жителите на с. Велебрдо изградиле куќичка на 4 борови дрвја.

Локацијата е идеална за одмор со семејството, лесно планинарење, но има опција и за планинарење до врвовите на планината Дешат, ледничкото езеро Локув над с. Требиште или пак спуштање до с. Ростуше и Ростушкиот водопад Дуф.

План на НП Маврово е на ова место да се постават клупи за одмор, набљудувачници, мал авантура парк и други содржини.

Извор/Фото/Видео: Фејсбук/Youtube/НП Маврово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Македонски ученици со прекрасна „домашна изведба“ на музиката од „Пиратите на Карибите“

Редакција

Полициски час не е решение, смета Филипче

Редакција

Али Ахмети на 2 септември ќе сведочи пред Специјалниот суд за воени злосторства во Косово

Редакција