Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео-порака во која ја одбележа победата над нацистичка Германија во Втората светска војна велејќи дека неговата земја ќе ја добие војната со Русија, јавува Би-Би-Си.
Зеленски, исто така, рече дека Украина нема да ѝ даде „ниту еден дел од нашата земја“ на Русија.
– Се бориме за нова победа. Патот до него е тежок, но не се сомневаме дека ќе победиме, вели Зеленски снимен како шета по улиците на Киев.
Овој говор на Зеленски доаѓа по краткиот говор на Владимир Путин во Москва, каде рускиот претседател рече дека окупацијата на Украина била навремена и неопходна, бидејќи Западот бил закана и наводно планирал окупација на Русија заедно со Крим.
President of #Ukraine @ZelenskyyUa: “We won then. We will win now, too! And Khreshchatyk will see the parade of victory – the victory of Ukraine. Glory to Ukraine!” pic.twitter.com/339L7s6Faz
— MFA of Ukraine 🇺🇦 (@MFA_Ukraine) May 9, 2022
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МИА/фото/видео: Зеленски/Фејсбук