Инагурацијата на новиот хрватски претседател Зоран Милановиќ предизвика лавина позитивни реакции на Балканот откако химната на свечениот чин ја изведе легендарната Јосипа Лисац.
Уште повеќе медиумите во Хрватска и Србија брујат од коментари и прашалници дали Милановиќ својот прв говор како претседател го завршил парафразирајќи ги стиховите од песната „Земја“ на белградскиот бенд Екатерина Велика (ЕКВ).
„Ова е куќа за нас. За сите нас. За нас кои сме тука, за генерациите кои доаѓаат и за оние кои ќе се вратат во својата куќа“,изјави Милановиќ.
Според аналитичарите, кои говорот го оценија позитивно нема ништо необично во тоа што парафразирал стихови од ЕКВ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е новиот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ: Боксер, премиер и советник на Еди Рама
Фото/Видео:Jutarnji list/Youtube/HRT/YUrock