еМагазин
Image default
Македонија

Вистинскиот проблем е одбивањето да се занимаваме со суштински теми, велат од бугарскиот тим на заедничката Комисија со Бугарија

Без резултат заврши 14-тиот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска Комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Република Северна Македонија.

Како што информира дописникот на МИА од Софија, по завршувањето на дводневниот состанок на видеоконференција, копретседавачот на Комисијата од бугарска страна проф. Ангел Димитров посочи дека вистинскиот проблем е одбивањето да се занимаваме со конкретни теми, проблеми, а работите да се сведат на специфична условно – теоретска рамка.

Според проф. Димитров, „нашиот обид да ги натераме барем да вметнат нешто специфично за лекцијата за цар Самоил во нивната теоретска рамка, исто така, не најде согласност и разбирање. Ова е реалната состојба“.

Како што пренесува БНР, следниот состанок на Комисијата се очекува да биде во средината на октомври.

Проф. Ангел Димитров изрази надеж дека летните месеци ќе дадат можност да се преиспита овој став за работа и да се направи некој чекор, додавајќи дека се надева дека тоа ќе биде чекор напред.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова средба без прогрес: Бугарија сака да наметне свој поглед на минатото, велат од македонскиот тим од заедничката Комисија

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јовески: Амнестијата е политичка одлука, доколку зависеше од мене немаше да се случи

Редакција

Не е едноставно да разрешите министри, ќе учите некој уште шест месеци да навлезе да менаџира со короната, вели Заев за оставката на Филипче

Редакција

Починаа уште четири лица од Ковид-19, вкупно 646

Редакција