еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Галерија) ВМРО-ДПМНЕ протестираше пред МНР

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа протест пред Министерството за надворешни работи со барање до власта да каже за што се разговара со Софија во однос на Договорот за пријателство.

Членот на Извршниот комитет, пратеникот Антонио Милошоски на протестот ги повика премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, да се појават пред Собранието и пред народните избраници и на граѓаните преку пратениците да објаснат, како што вели, за кои дополнителни анекси се разговара по однос на Договорот со Бугарија.

-И зошто јавноста беше излажана во 2017 година дека Договорот со Бугарија ги решил сите македонско-бугарски спорови и го отвара патот за ЕУ, вели Милошоски.

На новинарско прашање до кога ќе траат протестите, Милошоски изјави дека тоа ќе зависи од власта, која вели, ако продолжи да биде таинствена, ќе има одговор каков што има и досега.

За викендот, тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има активности во Битола со Унијата на млади сили, каде ќе се одржи годишна конференција.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Македонците во Бугарија во извештајот на Стејт департментот за човековите права

Редакција

„Огромно влошување“: Ковид-19 го уназади животниот век, стандардот и образованието за пет години, се вели во извештајот на Обединети нации

Редакција

Блокади низ Скопје: Ускратено е основното човеково право – слобода на движење

Силвана Жежова