еМагазин
Image default
Бизнис

„Витаминка“ ги зголеми приходите за 20%

„Витаминка“ АД Прилеп за периодот јануари – јуни 2019 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен биланс на успех, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – јуни 2019 година изнесуваат 1.142.553.000 денари и во споредба со остварените во 2018 година за истиот период бележат пораст од 20%.

„Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98 %, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги  од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2018 година бележат пораст од 20%.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари- јуни 2019 година изнесуваат 1.085.931.000 денари и во споредба со остварените во 2018 година бележат раст од 16%.

Растот  на вкупните расходи е во корелација со работењето во 2019 година за извештајниот период“, информираат од компанијата.

Вкупните инвестиции во основни средства во 2019 година за извештајниот период  изнесуваат 156.245.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест за акционерите: „Витаминка“ од денес почнува со исплата на дивиденда

Витаминка ги применува највисоките производни стандарди за безбедност на храна

Фото: „Витаминка“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски транспортери заглавени на границите на Украина со Полска и Романија

Редакција

КХВ трајно му ја одзема дозволата на „Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент“

Редакција

ЕСМ склучи договор со Марковски компани вреден 3,8 милиони евра

Редакција