еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Витаминка и оваа година учесник на саемот во Келн

Започна најголемиот и најважен саем за кондиторски производи и закуски, ISM во Келн, Германија, а Витаминка и оваа година е присутна со целосниот свој асортиман соодветно на профилот на саемот.

За најголемиот македонски производител во прехранбената индустрија, учеството и претставувањето во Келн е клучно и значајно за унапредување на производството и проширување на присуството на странски пазари.

„ISM Келн е најголемиот и најважен саем во светот за кондиторски производи и закуски што се одржува еднаш годишно. Пред најголемите компании од секторот, присутни од целиот свет се презентираат нови трендови, иновативни производи и перспективи и токму тука е предноста и бенефициите од овој саем, а со нашето присуство покрај нови купувачи, партнери и пазари и дополнителна афирмација за компанијата, како претставник го промовираме и македонското производство и прехранбената индустрија во земјава. Очекуваме и оваа година нашето претставување да биде успешно и да воспоставиме нови соработки и бизнис-релации“, изјави Љупчо Велески, директор на сектор извоз во Витаминка.

Како важна деловна и комуникациска платформа, саемот ги спојува сите релевантни целни групи, како малите, средните компании но и лидерите на пазарот со меѓународни деловни групи заинтересирани за соработка.

Од долгогодишното и редовно присуство на овој саем, Витаминка има позитивно искуство, бројни нови купувачи и воспоставено многу соработки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“ добитник на три признанија во рамките на шестиот Регионален самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа (РСП) „300 најдобри“

Редакција

Донација на ОКТА – инсталирана фотоволтаична централа за ОУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Редакција

НЛБ Банка воведе нови промотивни станбени кредити со намалени каматни стапки фиксни до 10 години

Редакција