Министерство за здравство информира дека во изминатите 24 часа направени се 199 тестирања, а потврдени се 15 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-7, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1.
“Лабораторијата на Жан Митрев достави допис со исправка до Иниститутот за јавно здравје (ИЈЗ) за позитивни резултати на 3 лица (2 од Скопје и 1 од Битола) пријавени на 24 април.
Трите лица се всушност негативни, а причина за грешката е најверојатно контаминација на материјалот. Кај трите лица лабораторијата во Жан Митрев уште веднаш, на 25 април, направила контролен тест на оригиналниот материјал, но и на нов брис по што се добиени негативни резултати, а истите лица се тестирани и преку ИЈЗ и тие резулатати се негативни.
Согласно ова вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.506, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 572„, велат од Министерството.
Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 509, Куманово – 400, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –157, Тетово – 85, Струга – 67, Велес – 77, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 31, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 2, Делчево-1, Валандово -1, Виница – 2.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Во шест градови во државата нема повеќе заболени од корона вирусот
Тимот на штипјанецот Панче Наумов работи на развивање на вакцина против корона вирусот во ОАЕ
Фото: Факултет за ветеринарна медицина