еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 1.218 здравствени работници се заразиле со Ковид-19, починале 10

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно со 25. октомври покажуваат дека досега од Ковид-19 во Македонија се заразиле 1.218 здравствени работници.

„Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=23.830; 87,6%), регистрирани се 1.218 (5,1%) случаи на заболување меѓу здравствени работници“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

Досега кај здравствените работници се регистрирани десет смртни случаи, а 1.029 од нив се водат како оздравени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Антарктикот измерена температура за 38 степени повисока од вообичаеното

Редакција

Мијалков: ВМРО-ДПМНЕ не е ничија сопственост

Редакција

Дизајнерката Мршиќ подготвува нова колекција чанти кои ќе бидат изработени од лица од ранливи категории

Редакција