еМагазин
Image default
Локално

Вкупно 326 санкционирани возачи во Скопје

На територијата на град Скопје вчера се изречени 326 санкции од кои 36 за пречекорување на дозволената брзина на движење, 55 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 43 за управување без возачка дозвола, 28 за некористење сигурносен појас, 11 за користење мобилен телефон при управување со возилото и 72 за непрописно паркирање, соопшти МВР.

Подигнати се и 45 возила со „пајак“.

МВР најавува дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведува МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Небезбедна за пиење водата од јавната чешма во село Драчево

Редакција

Разрешен секретарот на град Скопје, Зоран Глигоров, на негово место назначена Наталија Митовска

Редакција

Приведени Србин и двајца Турци поради тепачка на граничниот премин Табановце

Редакција