еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Вкусниот оброк секогаш крие добри намирници, искусен готвач и добра опрема во кујната

Кога сте гладни, сѐ што ќе подготвите во вашата кујна ви е вкусно. Но, кога сакате да подготвувате вкусни јадења и деликатеси кои што сакате да ги изедете дури и кога не сте гладни, тогаш ви треба помош во кујната.

Во кујната е центарот на домаќинството, на станот, на куќата, на целото семејство.

Со модернизацијата на општеството, почнаа да се намалуваат заедничките оброци поради недостаток од време и многуте обврски, па почнавме да јадеме секој сам. Неделните ручеци со фамилијата почнаа да се ретчат и скоро и да не се гледавме со најблиските дури ни за ручек пред избувнувањето на пандемијата.

Сега сме сите дома, јадеме заедно, готвиме вкусно, но дали имаме сѐ што ни е потребно во кујната за да имаме секогаш вкусно подготвен оброк? Да провериме со подготовка на следниот вкусен рецепт.

Искусен готвач се создава, не се раѓа. Заклучно со тоа, предлагаме рецепт за вкусен ручек, подгответе телешко месо во вашата рерна за целото семејство! Брзо и лесно, се подготвува за 20 минути, а се пече 2 часа.

За овој вкусен рецепт, освен квалитетните апарати за домаќинство, потребни ви се следните вкусни намирници:

– 1kg. телешко месо

– 2 главици кромид

– 1 црвена пиперка

– 2 моркови

– 3 компири

– 2 чешниња лук

– 400g. печурки

– 1 конзерва доматен сос (400g.)

– 2 шолји вода

– 4 лажици растително масло

А, од зачини ви требаат 2 – 3 ловорови листови, 1 лажичка рузмарин, 1 лажичка оригано, 1 лажица црвен пипер, 1 лажица брашно, 1 коцка бујон, сол и бибер по вкус.

За започнување со готвењето потребно е најпрво да се исече месото на парчиња и да се исецка зеленчукот на крупни парчиња. При овој чекор, одлично ќе се вклопи сецкото на Favorit кој што ќе го исецка зеленчукот точно по ваша мерка.

Потоа, на загреаната рингла од шпоретите на македонскиот бренд Favorit, месото се пропржува  во загреана тава со малку масло. Доволни се неколку минути на ринглата додека малку да добие боја, а потоа се вади од тавата.

На истото масло, додадете ги зеленчуците еден по еден – кромид, морков, пиперка, компири, печурки. Рамномерната температура што ја создаваат ринглите на шпоретите од Favorit, одлично ќе ги омекне зеленчуците и ќе го задржи нивниот вкус и витамините.

По нивното омекнување, се додаваат доматниот сос и зачините и се оставаат да крчкаат околу 10 минути на тивок оган за да се соединат сите состојки.

Се враќа месото во тавата, се покрива и се става во рерна да се пече на 190 С, во временски период од два часа. За тоа време месото ќе биде добро зготвено, особено доколку во вашата кујна имате електричен шпорет на Favorit чиј што квалитет при готвење е незаменлив во македонските кујни. Секое јадење од рерната на Favorit излегува сочно, вкусно и полно со витамини.

По два часа го вадите месото од рерна и voilà, вие сте веќе искусен готвач! За полесно снаоѓање во вашата кујна и олеснување во готвењето ви ги препорачуваме и миксерот, цедалката, тостерот и микробрановата печка од асортиманот на нашиот македонски бренд Favorit.

На крај, сите зготвени јадења складирајте ги во фрижидерите на Favorit и имајте вкусна храна со ист вкус во секое време!

На здравје ручек!

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сведоштво: Жената што проси на Бит Пазар секогаш е со успиено бебе, на прашањето со што го успива станува агресивна

Редакција

(Видео) Потрагата по десетгодишниот Петар Џубоски продолжува: Спасувач се спушти во јама длабока 70 метри, во која никој не влегол 40 години

Редакција

Денеска претпладне сончево, попладне локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција