еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата да направи се платите на функционерите да останат на нивото како досега, бара Пендаровски

Владата мора да направи се што е во нејзина моќ и надлежност, а има надлежност, платите на функционерите од мене па до локална самоуправа да останат на ова ниво на кое се сега, со измена на коефициенти, со измена на основица, изјави денеска претседателот на државата Стево Пендаровски коментирајќи ја одлуката на Уставниот суд со која се овозможува зголемување на платите на државните функционери за 78 проценти.

-Мојот став го знаете. Мене ми е криво што повеќе носители на функции не го делат тој мој став. Тука има две работи. Прво одлуката на Уставен суд мора да се почитува затоа што непочитувањето на одлуката на Уставен суд е кривично дело.

Меѓутоа, повикав и во мојата прва изјава на оваа тема. Владата мора да направи се што е во нејзина моќ и надлежност, а има надлежност, платите на функционерите од мене па до локална самоуправа да останат на ова ниво на кое се сега, со измена на коефициенти, со измена на основица, поинаку не можеме да излеземе пред граѓаните и да им кажеме дека во оваа тешка ситуација кога замзрнуваме цени на основни продуктуи, ние си ги зголемуваме платите, нагласи Пендаровски.

Уставниот суд со одлука за укинување на два члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите, овозможи зголемување на платите на државните функционери за 78 отсто. Со одлуката, покрај премиерот, претседателот, собранискиот спикер и сите вршители на јавни функции, се опфатени и уставните судии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 5 милиони евра годишно граѓаните ќе ги чини зголемувањето на платите на функционерите

Една функционерска плата покрива две ипол до три синдикални минимални кошници, велат од ССМ

“Од кај имаме пари за 78% повисоки плати?“: Твитер реакции за платите на функционерите

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тежок“ тендер: МЕПСО купува лумузина и уште 20 патнички и товарни возила

Редакција

Вечерва прв предизборен ТВ дуел на Заев и Мицкоски

Редакција

Телма: Внукот на Ахмети има 4 фирми

Редакција