еМагазин
Image default
Локално

Владата даде зелено светло за „автобуско метро“ во Скопје

На вчерашната седница Владата ја разгледа и усвои информација за воведување на БРТ (Bus Rapid Transit) на територијата на Град Скопје, кој претпоставува воспоставување на коридори резервирани исклучиво за капацитетни автобуси на електричен, или хибриден погон (плин и електромотори).

„Овој систем коридори на популарно нареченото автобуско метро ќе овозможи траса која е физички издвоена од останатите учесници во сообраќајот со што се обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт, што ќе го направи јавниот превоз атрактивен и алтернатива на користењето на приватните возила за да се намали аерозагадувањето.

Во врска со оваа точка, Владата го задолжи Министерството за финансии да ја започне постапката со писмо за намери до Европската банка за обнова и развој за поддршка за изработка на физибилити студија, како и за можните опции за финансирање на комплетниот проект“, информираат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За четири часа откриени седум комби превозници без лиценци за јавен превоз во Тетово

Редакција

Приведени две лица од Неготино поради напад на полицајци

Редакција

Полицијата по три дена во интернет-кафе го пронајде исчезнатото девојче од Битола

Редакција