еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Владата донесе одлука: Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 28 февруари

Владата донесе одлука до 28 февруари 2022 година да продолжи важноста на мерката, која почна да се применува од 6 декември 2021, за определување највисоки цени на основните прехранбени производи: лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомеснатите производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата и тестенините.

Со оваа одлука највисоките цени на овие производи остануваат на нивото на редовните цени кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало, при што се исклучуваат цените на попуст, како акциски попуст, снижувања или распродажба, кои важеле на 1 декември 2021 година.

Владата на 4 декември донесе одлука да се замрзнат цените на лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата, нема да се менуваат до крајот на јануари.

Десет дена подоцна Владата донесе нова одлука со која покрај на претходно наведените прехранбени производи, беа замрзнати и цените и на оризот, тестенините и јајцата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Време е да се преселите во Русија, зимата доаѓа“: Контроверзна кампања хит на социјалните мрежи

Редакција

Од понеделник нов начин на издавање на готовите лични карти за Скопјани

Редакција

„Фајненшел тајмс“: Поради Македонија и корупцијата, Борисов ја внесе Бугарија во проблематичната група во ЕУ

Редакција