еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Владата донесе одлука за намалување на ризиците за раст на цената на струјата

Владата на денешната 130. седница донесе измени и дополнувања на Уредбата за критериумите и условите за прогласување кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на електрична енергија, начинот на снабдување со електрична енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности.

Со предложените измени, како што информираат од владината прес-служба, во услови на кризна состојба се овозможува ЕВН хоум да не набавува електрична енергија од повластените производители на електрична енергија коишто користат обновливи извори на енергија со што се намалуваат трошоците за набавка на електричната енергија на ЕВН хоум затоа што енергијата наместо од повластените производители ќе се обезбеди преку АД ЕСМ Скопје по пониски цени со што се намалуваат факторите кои влијаат на висината на цената на струјата за крајните корисници, информираат од Владата.

Дополнително, имајќи ги предвид високите цени на електрична енергија на отворениот пазар на електрична енергија, количините на електрична енергија од повластените производители ќе се распределат кај сите останати снабдувачи и трговци, велат од таму.

-Со тоа ќе се зголеми делот од електричната енергија од повластените производители во вкупното портфолио на снабдувачите и трговците, и тие ќе имаат финансиска корист затоа што просечната цена на електричната енергија од повластените производители во тековниот период е значително пониска од цената на електричната енергија на отворениот пазар, велат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потребна е сериозна државна поддршка за справување со енергетското цунами, велат од Сојуз на стопански комори

Редакција

Детален преглед: Дури 63,4% од семејната потрошувачка оди за храна, облека и домување

Редакција

Финансиски удар за плиткиот џеб на граѓаните: Зејтинот поскап за 20 денари, кои други производи поскапеа?

Редакција