еМагазин
Image default
Македонија

Владата дополнително ќе расправа и ќе одлучи за евентуални санкции кон Русија

Северна Македонија е на линија за постигнување сто проценти усогласеност со надворешната и безбедносната политика на Европската унија во однос на пакетот санкции на ЕУ којшто се најавува против Русија, потврди владиниот портпарол Душко Арсовски.

-Владата дополнително ќе расправа и ќе одлучи. За ова јавноста ќе биде информирана, рече Арсовски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Прашан дали земјава е подготвена да прими бегалци од Украина доколку избие воен конфликт со Русија, владиниот портпарол потенцира дека земјава во повеќе наврати покажа отворено срце, подготвеност и помагаше во вакви и слични ситуации.

-Владата ќе понуди помош и во случај на ескалација во Украина. Сите напори се во насока тоа да не се случи. Денеска премиерот Ковачевски ќе има телефонски разговор со претседателот на украинската Влада, Денис Шмигаљ. Меѓу другото и ова ќе биде една од темите.

По овој контакт Владата ќе направи проценка и ќе имаме повеќе информации во врска со помошта што би ја понудила државата, рече Арсовски.

Тој информира дека Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за безбедносната ситуација во и околу Украина и го задолжи Министерството за надворешни работи во координација со надлежните институции да ги преземе сите потребни мерки за осигурување на безбедноста на членовите од Република Северна Македонија при Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина.

Како што рече Арсовски во моментов нашите набљудувачи се безбедни и ги извршуваат своите редовни обврски.

-Сепак, во случај на дополнително влошување на ситуацијата се наметнува потребата од брз и ефикасен ангажман во насока на осигурување на нивната безбедност, рече Арсовски и додаде дека станува збор за 30-тина луѓе.

Нагласи дека нашата амбасада во Киев има евидентирано бројка од 100-тина македонски граѓани кои ги доставиле своите податоци дека престојуваат во Украина.

-Од нив заклучно со вчера во земјава се вратиле тринаесетмина, прецизира Арсовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европската унија одговори на руското однесување во Украина: Санкции за 351 член на Думата и 27 компании и поединци

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Касами се сомнева дека неговиот сопартиец Реџепи против своја волја не дошол во Собранието

Редакција

На почеток на преговорите сме, изгубените часови да се надополнат и учебната година да заврши на 10 јуни, вели Неделков

Редакција

Кривична пријава против синот на Муса Џафери кој физички го нападна претседателот на РКЕ, Бислимоски

Редакција