еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Владата ќе го поддржи проектот за „автобуското метро“ во Скопје

Владата, на предлог на Министерството за транспорт и врски, ја разгледа и усвои Информацијата во врска со продолжување на постапката за реализација на проектот „Воведување брз автобуски превоз во град Скопје“, со Предлог договор за имплементација и даде поддршка проектот да продолжи да се реализира.

Според Информацијата од ресорното министерство, во текот на месец септември, од Град Скопје е соопштено дека се планира продолжување на проектот, за којшто на 21, април 2021 година Град Скопје и ЕБОР случија Проектен договор за реализација на проектот „Воведување брз автобуски превоз во град Скопје“.

Предлог Договорот за имплементација на проектот согласно Проектниот договор, треба да го склучат Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски и Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како ќе изгледа „автобуското метро“ во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Нова продавница на Levi’s во Скопје Сити мол

Редакција

Најдобра заштита од Ковид-19 која сами можете да ја направите е да го намалите обемот на струкот, порачува Беќаровски

Редакција

Шест лица од новопочинатите од Ковид-19 биле на возраст од 50-59, а две од 40-49 години

Редакција