еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата набавува 45 возила по пат на оперативен лизинг

Владата на седдница ја разгледа и ја усвои Информацијата за потреба од набавка на моторни возила од страна на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) и ја задолжи да ја отпочне постапка за повеќегодишна јавна набавка на 45 моторни возила, по пат на оперативен лизинг (деловен закуп) со времетраење од 36 месеци.

Владината прес-служба соопшти дека оваа одлука е донесена врз основа на карактеристиките на сите разгледани можни начини за набавка на моторни возила, обврските кои произлегуваат од нив, како и од аспект на искуствената примена на оперативниот лизинг досега, и согласно сите сознанија, Владата го прифати мислењето на СОЗР дека најдобра опција е да се спроведе повеќегодишна јавна набавка на моторни возила по пат на оперативен лизинг заради помалите финансиски оптеретувања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Извозот во првите седум месеци зголемен за 3,8%, а увозот намален за 7%

Редакција

ЕУ се подготви за зимата, наполнети капацитетите за складирање гас до 90%

Редакција

„Виз ер“ денеска нуди попуст на летовите од 25%

Редакција