Владата денеска го презентраше четвртиот пакет мерки за поддршка на економијата и ублажување на последиците од кризата предизвикана од Ковид-19. Во него, се предвидени грантови за игротеките и рестораните за свадби.
Грантови за ресторани за свадби ќе добијат сите регистрирани и лиценцирани субјекти за оваа дејност, во вкупна вредност од 1 милион евра.
„Грантовите одделно се во висина од 3.000 до 10.000 евра, во зависност од остварениот промет во 2019 година.
Овде ја отвораме опцијата за регистрација на таквата дејност затоа што еден дел од овие дејности се регистрирани за организирање свадби, а еден само за достава на храна“, соопшти Владата.
Оттаму информираа дека за околу 1.000 игротеки ќе се обезбедат грантови во висина од 1.000 до 5.000 евра во зависност од остварениот промет во 2019 година, а целата вредност на оваа мерка изнесува 2,5 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се намалува ДДВ-то за ресторански услуги од 18 на 10 отсто
Детален преглед на 31 мерка од новиот пакет на Владата за поддршка на економијата