еМагазин
Image default
Македонија

Владата ќе одлучува за ковид-препораките на Комисијата за заразни болести на наредната седница

Се очекува Владата на наредната седница да донесе одлука за препораките во однос на ковид мерките што ги предложи Комисијата за заразни болести на последниот состанок, најави денеска владиниот портпарол Муамет Хоџа.

-Сите предлози и препораките на Комисијата за заразни болести ќе се разгледаат на наредниот состанок на Централниот координативен штаб за кој се очекува да заседава деновиве. Потоа записникот од Штабот треба да биде усвоен на наредната владина седница.

Очекуваме на наредната владина седница да биде усвоен записникот од Централниот координативен штаб, односно дали ќе се прифатат или не сите препораки на Комисијата за заразни болести, рече Хоџа во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Комисијата за заразни болести минатата недела на седница препорача за децата во основното образование да не биде задолжително носењето на маски, како и да не биде потребен сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19 за посета на отворените делови и терасите на угостителските објекти.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 526 случаи на Ковид-19, во Скопје 245

Редакција

Од Владата велат дека со внимание ја следеле дебатата за најавената борба со лажни вести

Редакција

Нова средба за Законот за ЈО, опозицијата не отстапува од барањата

Редакција