еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Владата ги зголеми платите на вработените во основно и во средно образование

Владата донесе одлука за зголемување на платите на вработените во основно и во средно образование за пет отсто, почнувајќи од исплатата на септемвриската плата годинава.

„За покачувањето на платите во основно образование, за четвртиот квартал од 2018-тата година, Министерството за образование и наука ќе издвои 99 милиони денари, додека за покачувањето на платите во средно образование, вкупно 40 милиони денари“, соопшти владината прес-служба.

За реализација на предвиденото покачување на платите Министерството за образование и наука, како што велат од Владата, ќе потпише спогодби со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија.

Со Спогодбите се утврдуваат најниската плата за најнискиот степен на сложеност на вработените во основните училишта која ќе изнесува 12.714 денари и најниската плата за најнискиот степен на сложеност на вработените во средните училишта која ќе изнесува 13.117 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 50 производи од 25 категории на листата за поевтинување, ќе бидат означени со гарантирана цена

Редакција

Со ребалансот на буџетот ќе се направи простор и за евентуално нови антикризни мерки

Редакција

Намален бројот на работници во индустријата

Редакција