еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Казината ќе мора да бидат оддалечени најмалку 500 метри од училиштата

Владата, на денешната седница, го утврди Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Законот е предложен од Министерството за финансии и предвидува оддалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта и има за цел да ја заштити младата популација, бидејќи моменталниот не предвидува ваков критериум.

Како што информираат од Влада исто така, меѓу целите на предложените измени се посочува на потребата од зајакнување на доказите потребни за издавање на лиценци, како и прецизирање на тоа дека едно трговско друштво со една лиценца, приредува еден вид на игра на среќа. А се зголемуваат и надоместоците за издавање лиценци за игри на среќа. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клучни разлики помеѓу Ковид-19 и грип

Редакција

Струмичко Единство во првите девет месеци со загуба

Редакција

„Лидл“ регистрираше компанија во Македонија, менаџментот на средба со Заев, Бочварски и Шилегов

Редакција