еМагазин
Image default
Македонија

Владата го задолжи Министерството за финансии да обезбеди 120 милиони денари за бегалците од Украина

Владата го задолжи Министерството за финансии да обезбеди 120 милиони денари за организирање и обезбедување хотелско сместување и дополнителни услуги за граѓаните од Украина, кои како бегалци од војната евентуално би пристигнале во нашата земја.

– Овие средства ќе бидат префрлени на Службата за општи и заеднички работи, која е задолжена за реализација на овие активности, наведува Прес-службата на Владата, соопштувајќи за оваа нејзина одлука донесена на денешната 30-та седница.

Владата на седницата ги утврди измените и дополнувањата на Законот за социјалната заштита за исплата на еднократен додаток за корисниците на гарантирана минимална помош во висина од 1.000 денари за месеците март, април и мај 2022 година.

Прес-службата информира дека помошта е наменета за најранливите категории граѓани за да се ублажат последиците од економската криза и ценовниот шок предизвикани од пандемијата од Ковид-19 и од енергетската криза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев немал директни контакти со министерот Спасовски, но ќе направи тест

Редакција

(ВИДЕО) По 14 години посета на американски секретар за одбрана: Џејмс Матис пристигна во Скопје

Редакција

За околу две недели ќе стигне терапија, специфично антитело наменето за лекување на Ковид-19, најави Филипче

Редакција