еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Прифаќање на бугарски диктат нема да се случи, му рекол Мицкоски на Сарацин

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на Извршниот комитет, Антонијо Милошоски денеска остварил средба со специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжува дипломатската офанзива: Специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Сарацин во Скопје

На средбата, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, станало збор за актуелните политичко економски состојби во државата и реалните предизвици со кои се соочуваат граѓаните.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакнал дека со последните измени на Кривичниот законик кој ги направи власта со европско знаменце всушност се подготвува за опозиција и директно ги амнестира своите кадри кои во ова гледаат начин да ја одбегнат правдата.

-Еден од најважните приоритети на идната влада ќе биде борбата против корупција, истакнал Мицкоски на средбата.

Воедно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги посочил реалните проблеми на граѓаните, како што се недостатоците во образование, немањето учебници, проблемите во економијата, високата инфлација и редица други неуспеси кои потврдуваат дека власта е далеку од споделувањето на европските вредности и цели.

На средбата, како што е наведено во соопштението, било разговарано и за уставните измени, при што Мицкоски го реафирмирал ставот дека оваа Влада нема легитимитет за таков чекор и дека прифаќање на бугарски диктат нема да се случи.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР: Општините и советниците доследно да го применуваат уставното име на државата

Редакција

Намален е приемот на болни од Ковид-19, но вирусот е подмолен, вели Филипче

Редакција

29-годишен бугарски навивач проподен со нож во скопски Чаир

Редакција