еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата одлучи: Наставата во средните училишта во Тетово, Гостивар, Кичево и Струга ќе почне онлајн

Владата на седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите седум дена.

-Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за онлајн организирање на наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар во траење од 14 дена од почетокот на учебната година, и онлајн настава од првите 7 дена во Кичево и Струга, заради ситуацијата со вирусот во овие општини, по што, откако ќе заврши овој период, ќе се донесе нова одлука согласно развојот на ситуацијата, информираат од владината прес-служба.

На седницата, Владата го дополни и протоколот за бројот на децата по групи во градинките, со што се зголемува бројот на деца од 21 на 25 деца и тоа само во големите групи, а не и за групите од 0 до 2 години.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сектори со највисоки просечни нето плати во октомври

Редакција

Од Ковид-19 починале 12 лица, најмладиот на 38-годишна возраст

Редакција

Мицкоски тврди дека Вице Заев изнудувал 250 илјади евра од битолска фирма, братот на премиерот вели се е лага

Редакција