еМагазин
Image default
Македонија

Владата се премисли за враќање на фиксното време на администрацијата, одлуката повторно на разгледување

Премиерот Зоран Заев, после извршени консултации, одлучи да не ја потпише одлуката за времено суспендирање на одлуката за флексибилно работно време на државната администрација од 7-та седница на Владата, информираат од таму.

„Прашањето ќе биде повторно разгледано на следната седница на Влада, откако ќе бидат направени дополнителни анализи и проценки за целисходноста за промена на работното време на администрацијата.

До нова одлука, како и до сега, останува флексибилно работно време на сите вработени од органите на државната управа од 7:30 и 8:30 часот, до 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа,“ се вели во соопштението на Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Jавната администрација од 1 октомври ќе работи повторно во фиксен термин од 8 до 16 часот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) “Јас сум Зоран Заев од село Муртино, некои ме викаат зајче”: Премиерот вицкаст

Редакција

Села: Собраниската седница може да продолжи во секој момент ако се обезбедат услови

Редакција

Ислам Абази избран за наследник на Вилма Русковска

Редакција