еМагазин
Image default
Забава

Владимир Четкар на официјалната топ 40 листа на FM Kyoto во Јапонија

Во конкуренција на најголемите музички звезди на Америка и Англија за прв пат се најде и македонски артист, кога популарната радио станица FM Kyoto од Кјото, старата јапонска престолнина ја стави песната Come With Me (авторско дело на Четкар) во својата официјалана ТОП 40 листа на прекуокеански артисти (fm-kyoto.jp/rankingchart)

Последниве два месеци подршката на музиката на Четкар во Јапонија е се поинтензивна каде песните од нeговиот трет студиски албум Going Home се константно во етерот на некој од најголемите тамошни радио станици како Cocolo FM, Kobe FM, Toyota FM, FM Nagano, Inter FM Tokyo, MOMO Radio и многу други радио станици.

Доколку се земе предвид дека Јапонија заедно со САД се двата најголеми музички маркети во светот и дека овој медиумски успех на Четкар е комплетно самостоен ова е навистина убава вест и доказ дека се уште постојат места каде вистинските вредности и квалитети си го наоѓаат патот кон успехот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Сите детали: Започнува фестивалот на светлосната уметност „Skopje Light art district 2020“

Редакција

Елена Лука ја отвара третата сезона на Скопски моден фестивал

Редакција

Џон Њуман, Бурак Јетер и Констракта на „Get EXITed“ во Струмица, влезот слободен

Редакција