еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владината коалиција и парламентарното мнозинство се стабилни, тврди Ковачевски

Владината коалиција е стабилна, нема опасност од губење на мнозинството во Парламентот, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски ова го изјави одговарајќи на новинарски прашања дали е стабилна Владата и дали има опасност од губење на мнозинството во Собранието откако неколку пратеници на ДУИ најавиле отцепување од партијата.

Од Владата за МИА велат дека парламентарното мнозинство е стабилно и оти Владата е целосно фокусирана на менаџирање на економската и енергетска криза, како и на скрининг процесот како дел од преговорите со Европската Унија што е во тек.

Во врска со состојбите во ДУИ, од Владата посочуваат дека станува збор за внатрепартиски работи, коишто Владата нема да ги коментира.

Дваесетина незадоволни членови на ДУИ, меѓу кои и Муса Џафери, Изет Меџити, Невзат Бејта, Блерим Беџети и Висар Ганиу, во отворено писмо пред неколку дена побараа внатрепартиска дебата за да се надмине состојбата и го повикаа лидерот на партијата Али Ахмети да го искористи својот политички и статутарен авторитет за да се најде решение за зачувување на партиското единство.

За состојбите во партијата тие го обвинија Артан Груби. Потоа во јавноста се појавија информации за смена на Османи, но тој вчера демантираше потенцирајќи дека станува збор за лажна вест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„ДУИ може да функционира без секого, па и без мене,“ вели Ахмети по нападите на дел од членовите кон Груби

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 540 пациенти

Редакција

„Сеа и Нефи преку оглас може ќе го бараат“: Твитер реакции за притворот за советникот на ДУИ, Усеини

Редакција

Бугарскиот претседател Радев: Нема да дозволиме нерешени билатерални прашања да го нарушат единството на ЕУ

Редакција