Во рекордниот Предлог-буџет на владата на СДС и ДУИ, кој нема никаква развојна компонента, 140 милиони денари се скратени од ставката „Студентски стандард”, велат од Левица.
„Откако студентите најавија протести против укинувањето на субвенционираниот студентски оброк, предлагачот Моника Зајкова од ЛДП ретерираше и најави повлекување на предлогот. Нејзината изјава дека се повлекува законот е манипулативна, затоа што, според Зајкова, испаѓа дека таа не ни знаела каков предлог-закон поднесува!
Иако за утре е закажана средба на Министерството за образование и наука со Студентското собрание, тоа што во предлог-буџетот се скратени 140 милиони денари од студентите, јасно дава до знаење дека власта со разни акробации повторно ќе штеди врз грбот на студентите,“ се вели во соопштението.
Во него се додава дека партијата го поддржува утрешниот протест на студентите пред Собранието, закажан во 16 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентите утре на протест пред Собрание