До Централната изборна комисија денеска кандидатура за претседател на СДСМ за вонредните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември, поднесе и Властимир Алексовски.
Алексовски е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово.
Како што соопшти СДСМ, по анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е согласно правилникот и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала апликацијата.
Ова, според партијата, се однесува на сите поднесени кандидатури.
Сите информации за вонредните внатрепартиски избори во СДСМ, правилникот, роковите, онлајн алатката за активна регистрација на членовите, програмите на кандидатите кои ги доставиле во електронска форма се достапни на sdsm.org.mk.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски размислува да се кандидира за лидер на СДСМ
И Фросина Ременски кандидат за претседател на СДСМ: Каков имот пријавила?