еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара информации за тоа кои политичари од власта се вакцинирале против Ковид-19

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе посебно барање до Комисијата за здравство да побара информации од Министерството за здравство кој се е вакциниран, бидејќи во јавноста се појавиле информации дека се вакцинирани и политичари од власта.

Сомнежот, според опозицискиот пратеник Миле Лефков, е каде се вакцинирани тие, дали тука или во други држави.

-Сомнежите дека вакцинацијата се злоупотребува поточно дека се вакцинирани и политичари од власта мора да се расчисти. Не може и не смее да нема вакцини за здравствените работници, а да има за политичарите од власта.

Во интерес на јавното здравје апелираме информациите за тоа кој се е вакциниран да се декласифицираат, кажете кој се е вакциниран. Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесеме посебно барање до собраниската Комисија за здравство да побара информации од Министерството за здравство и точно да се знае кој до сега се вакцинирал против корона, изјави Лефков.

Посочи дека бројката на заболени е околу 30 проценти од вкупно тестираните, а на починатите секој ден е по неколку десетина.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска: Барањето за раскинување на договорите за закуп се однесува на двајцата поранешни претседатели

Редакција

Пет новопочинати од корона вирусот, меѓу нив и десетмесечно бебе

Редакција

Нови 679 случаи на Ковид-19, оздравени 291, нема починати

Редакција