еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи протести со автомобили од Скопје до Штип на 23 Октомври

На 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денот кога е формирана Македонската револуционерна организација, ВМРО-ДПМНЕ организира протест со автомобили против мафијата за правдата и слободите, соопштија од партијата.

„127 години ВМРО, 30 години ВМРО-ДПМНЕ. 127 години од светлиот датум за Македонија, за македонскиот непокор и пркост покажан низ вековите, денот кога започнува организираниот бунт против тиранијата, мигот кога почнува борбата за слобода, правда и своја држава.

Денес ја имаме државата, но ја немаме слободата која ја сакаме, ја немаме правдата која ни е потребна, се бориме за националното чувство кое ни го негираат.

Токму затоа ги покануваме сите граѓани масовно да ни се приклучат на протест против мафијата, за правда и слобода.

Протестот ќе започне на 23 Октомври во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, СЦ Борис Трајковски- Општина Карпош и СЦ Јане Сандански-Општина Аеродром по што ќе финишира пред Собранието на Република Македонија каде ќе се обрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

По говорот протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев. Време е за одговор. Од секој зависи!“, велат од партијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали некој се уште прислушува: Дел од „бомбите“ на „Ел Чека“ се после формирањето на СЈО и ОТА?

Редакција

Националното собрание ќе решава дали може да се укине ветото за Македонија, изјави копретседателот на владејачката Демократска Бугарија

Редакција

Се испитуваат петмина излекувани штипјани како можни дарители на крвна плазма

Редакција