еМагазин
Image default
Македонија

Се испитуваат петмина излекувани штипјани како можни дарители на крвна плазма

Епидемиолозите од штипскиот Центар за јавно здравје утринава земаа брисеви од петмина излекувани штипјани од коронавирусот, кои сакаат да бидат дарители на крвна плазма.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека откако ќе се испратат брисевите во лабароторијата во Скопје ќе се знае колку од овие хумани и излекувани пациенти ќе можат да даруваат крвна плазма, за оние кои се уште ја бијат битката со вирусот.

Таа истакна дека во тек е увидот во осмата конфекција, каде што до вчера се појавија вкупно три позитивни случаи на коронавирусот.

-Епидемиологот треба да увиди дали во конфекцијата се почитуваат препораките за заштита, како од страна на работодавецот, така и од страна на работниците, односно дали меѓу машините има доволно растојание, како и дали работниците ги почитуваат мерките со носење на заштитни маски, вели Димитрова.

Таа истакна дека се чекаат и резулататите од првите контролни тестови за 53-те работнички, а се чекаат и резулатите од скринингот на вработените во најголемата штипска градинка „Астибо“, каде што се тестирани над 130 вработени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Oбезбедени се 23 единици конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти со корона вирусот

Нов позитивен случај на корона вирусот во штипска конфекција, која може да биде нов кластер

Два нови случаи со Ковид-19 во штипска конфекција и два во детска градинка

МИА/Фото:Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски на Фејсбук: Загрижувачки вести од работата на комисијата за историски прашања со Грција

Редакција

Лажни се пријавите за бомби во училиштата во Скопје и во Народна банка

Редакција

ДИК: До 15 часот излезноста 30,34 проценти

Редакција