еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Необјавувањето на Протоколот значи обид на власта на шверцерски начин да го протне „францускиот предлог“, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека тоа што Протоколот се уште не е објавен и не се знае што тој содржи, говори за, како што рече, тоа дека власта повторно на шверцерски начин сака да го протурка францускиот предлог.

-Протоколот се уште не е на дневен ред, ниту пак некој знае што се вклучува тој протокол кој што е суштински документ. Сето останато е парада и, би рекол, одреден вид атракција и забава за тие коишто ова го поддржуваат. Суштината е протоколот.

Протоколот ниту е доставен, ниту пак мислам дека ќе го достават, затоа што планираат на шверцерски начин да го протнат сето ова, како што впрочем така прават изминативе пет години, рече Мицкоски во изјава на вечерашниот протест против францускиот предлог.

Според него, нема логика во тврдењата дека протоколот прво треба да биде потпишан, па потоа да се објави неговата содржина.

– Тоа е исто како јас сега да дојдам во вашиот дом да ви ставам лист хартија и да ви речам потпишете го овој документ кој одлучува за иднината на вашето семејство без да го прочитате. И вие ќе ми речете нема да го потпишам затоа што не знам што пишува во него. Јас велам не се секирајте добар е за вашата иднина, верувајте му треба да го потпишете. Дали вие ќе го потпишете? Еве дајте ми мене одговор, дали ќе го потпишете, вели Мицкоски.

Во врска со обраќањето на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен пред пратениците, тој истакна дека секој гостин што ќе дојде од надвор е добредојден, но, оти се надева дека таа ќе ги слушне мислењата и на пратениците кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ кои, како што рече, се од нејзина сестринска партија.

-Таа ќе остане малку повеќе. Нема само да остане да се обрати, туку ќе остане повеќе да ги слушне и нашите аргументи, затоа што тоа е суштината. Секој е добредојден. Сакаме да слушнеме што мислат, но сакаме и да не слушнат што мислиме.

Тоа е демократијата и тоа се вистинските европски вредности. И конечно за документот за коишто вие зборувате тоа е еднострана хартија која служи за задоволување на фрустрацијата на СДСМ и на ДУИ. Тоа е во суштината.

Инаку тој документ нема буквално никакво значење, бидејќи само со 41 пратеник формално може да се усвои. Тоа е суштината, ништо друго, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Контроверзниот Протокол со Бугарија нема да го видиме додека не се потпише

Османи ќе го објавел Протоколот пред да се сретне со бугарската колешка Генчовска

Собраниската седница за „францускиот предлог“ ќе се одржи в четврток, предвидено е обраќање на Урсула фон дер Лајен

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лога и Села контра Таравари на изборите Алијанса за Албанците да настапи со албанската опозиција, Меџити го поддржува

Редакција

Од Националната агенција ја демантираат директорката од Битола за патувањето во Софија: Училиштето нема добиено грант од „Еразмус“

Редакција

Во последните три дена 254 случаи на Ковид-19, починале четири, а оздравеле 412 лица

Редакција