еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи отворање на Уставот без јасни гаранции од бугарскиот Парламент

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи отворање на Уставот и Преамбулата како услов за повлекување на ветото од Софија и старт на преговорите за членство со ЕУ се додека не се добие јасна гаранција од бугарскиот Парламент дека нема да има дополнителни барања, изјави денеска лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски.

Според него, еден од условите на Владата во Софија за повлекување од ветото е „отворање на Уставот“, за што е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.

– Ќе го повторам ставот на ВМРО-ДПМНЕ. Нема отворање на Уставот додека не добиеме јасна гаранција од страна на бугарскиот Парламент дека ако се отвори и затвори Уставот во Македонија, тоа значи дека на тој начин се затвараат сите отворени прашања помеѓу Македонија и Бугарија и дека се додека Македонија не биде дел од ЕУ нема да имаме повеќе дополнителни барања од страна на нашиот источен сосед.

Само под тие услови можеме да разговараме, истакна Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Општина Карбинци.

Тој додаде дека доколку бугарскиот Парламент не изгласа таков документ, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи отворање на Уставот и Преамбулата.

Според него, што и да се случи во јуни на Европскиот совет кога ќе се одлучува дали Бугарија ќе го тргне ветото, тоа нема да резултира со отпочнување преговори затоа што ќе има услови во таа преговарачка рамка.

– Јас сум секогаш оптимист, но во случајот со Бугарија работите како да одат во една безнадежна ситуација, додаде Мицкоски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев попладнево ќе ја депонира оставката до Собранието

Редакција

Убава вест: 1.353 оздравени од Ковид-19

Редакција

Анѓушев релаксиран за најавените смени во Владата

Редакција