Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието поднесе закон со кој што се предвидува да им бидат вратени средствата кои што ги потрошија македонските граѓани за да можат да се вакцинираат надвор од Македонија, информираа од партијата.
“Со оглед на тоа дека според Уставот на Република Македонија е загарантирано правото на здравствена заштита и граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите, Владата беше должна процесот на имунизација да го започне многу порано.
ВМРО-ДПМНЕ очекува дека тој закон ќе биде поддржан од сите пратеници, затоа што е за доброто на граѓаните, а од неспособната влада на Филипче и Заев веќе не може да се очекува ништо, бидејќи се покажаа како целосно неспособни да обезбедат вакцини“, велат од партијата.
Според податоците на ВМРО-ДПМНЕ околу 40.000 граѓани досега се имаат вакцинирано во странство, од кои што најголем дел околу 30 илјади се имаат вакцинирано во Србија.