Во Тирана почна судењето на градоначалникот на Химара, Фреди Белери, преставник на грчката заедница во Албанија, чие апсење ги влоши односите помеѓу земјата и Грција.
Одлуката на албанскиот Специјален суд за организиран криминал и корупција да му се суди на Блери, кој беше избран за градоначалник на последните локални избори се очекува дополнително да ги влоши односите помеѓу двете земји, а Атина веќе извесен период отворено евроинтегративниот пат на Албанија го услови со ослободувањето на Белери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поддршка за Македонија, Србија и Црна Гора од Грција за ЕУ, „условена“ за Албанија
Според обвинението, Белери е фатен во момент кога купува осум гласа за 400 евра, на два дена пред изборите. На изборите беше реизбран за градоначалник и се уште нема дадено заклетва.
Тој и понатаму останува во притвор каде се наоѓа од 12. мај, под обвинение за „изборна корупција“.
Тој како и грчките власти велат дека „процесот против него е целосно политички“, а неговите адвокати прогнозираат дека судењето ќе трае долго.
Тој беше кандидат на Партијата за заштита на човековите права, партија на грчкото малцинство во опозициската коалиција „Заедно победуваме“ предводена од Партијата на слободата на поранешниот албански претседател Илир Мета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Белери