еМагазин
Image default
Бизнис

Во јануари раст на депозитите и кредитите на годишна основа, пад на месечно ниво

Народната банка денеска објави дека на годишна основа вкупните депозити во јануари се зголемени за 7,4 проценти, а вкупните кредити за 8,4 проценти.

Растот на депозитите, како што наведува централната банка, е резултат на растот на депозитите кај двата сектора, но поизразен е кај домаќинствата, додека растот на кредитите е помалку изразен кај корпоративниот сектор.

Според податоците објавени од Народната банка, во јануари вкупните депозити бележат месечен пад од 0,8 проценти, што во најголем дел се должи на падот во корпоративниот сектор, додека кредитите на месечно ниво остануваат непроменети.

Кај корпоративниот сектор, на месечно ниво депозитите бележат пад од 3,1 проценти, додека кај домаќинствата има минимален месечен пад од 0,1 процент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Скопски пазар“ повторно ја „стресе“ берзата: Продаден блок акции за 572.000 евра

Редакција

Германија, Британија, Грција, Србија и Италија се наши најголеми трговски партнери

Редакција

Тендер тежок 27.500 евра: Скопскиот Апелационен суд купува возило

Редакција