еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Во Берово утрово најстудено, температурата во Македонија денеска од 9 до 15 степени

Најстудено утрово е Берово со измерени два степена под нулата, а најтопло во Гевгелија со 9 степени во 7 часот, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Нула степени се измерени во Скопје – Петровец, 1 степен во Крива Паланка и Маврово, два во Крушево, Лазарополе, Куманово и Штип, 3 степени во Битола, Скопје – Зајчев Рид, Демир Капија, Попова Шапка и Прилеп, 4 во Виница и Струмица, 6 степени во Тетово, 7 во Охрид и Претор, 8 во Дојран.

Поголема облачност утрово се задржа на југозападот и особено на истокот од земјава, соопштува УХМР.  Претежно во посеверните делови остана ведро, а утринава е сончево. На крајниот југоисток, во Гевгелија и Дојран, има појава на дожд. Некаде по котлините утрово има магла.

За денеска Управата прогнозира сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Во југоисточните делови ќе има зголемена ниска облачност и услови за појава на краткотраен дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје наутро магливо, а преку денот сончево со променлива облачност и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

345 лица од Ковид-19 починале надвор од болница

Редакција

Почина д-р Анѓелко Ѓорчев, татко на поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев

Редакција

Секреторен отит кај децата – значењето на раната дијагностика и третман

Редакција