еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Центар Жупа обезбеден цензус, старо нов градоначалник Аријан Ибраим

Општина Центар Жупа, конечно избра градоначалник, откако на денешните по втропат повторени избори, беше обезбеден потребниот цензус од една третина од вкупното гласачко тело.

Тоа е Аријан Ибрам предложен од Турската демократска партија, кој беше единствен кандидат, кому ова му е трет мандат. Првпат беше избран на изборите во 2013, а реизбран во 2017 година.

-Во еднстениот избрачки список беа запишани 7.154 лица со право на глас а до 18:30 часот гласаa 3.312 или 46,3 отсто. Потребниот цензус беше 2.853 гласачи. Изборниот ден мина мирно без проблеми, рече Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија.

Ибраим, во чиј штаб веќе се слави, е роден 1972 година, основно образование завршил во Центар Жупа, средно медицинско училиште во Тетово. Дипломирал на економскиот факултет на државниот универзитетот во Афјон, Република Турција, а магистрирал на универзитетот во Истанбул, насока меѓународно право.  Како наставник во родната Жупа, работел две години, а по неколку години работа во Италија се враќа и активно почнува да се занимава со политика.

На редовните локални избори на 17 октовмри минатата, но и на повторените на 17 април годинава, кога имаше еден противкандидат, Ибраим освои околу 80 отсто од гасовите, но не беше обезбеден цензус, поради што и се повторија изборите.

На редовните локални избори на 17 октомври минатата година беше избран 11-члениот совет на општината, во кој пет обезбеди Турската демократска партија, по две советнички места имаат СДСМ и Движењето за национално единство на Турците и по едно ВМРО-ДПМНЕ и Партијата за движење на Турците.

МИА/Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

30 дена притвор за петтиот осомничен за упадот во М-НАВ

Редакција

По реновирањето, отворена амбулантата на Клиниката за хематологија

Редакција

Доктор Лазаров за ковид-состојбата: Цехот за прославите на терен е веќе испорачан

Редакција