еМагазин
Image default
Македонија

Во четврток ќе се отвори пункт за вакцинација во Универзитетот св. Кирил и Методиј

Mинистерот за здравство Венко Филипче најави отворање на нов пункт за вакцинација во Универзитетот св. Кирил и Методиј и како што кажа, со овој чекор се става акцент на тоа вакцините да бидат подостапни и за младите граѓани за истите да вакцинираат во поголем број во периодот што претстои.

-Вирусот се шири меѓу нив, тие се медијатори може да го шират и во своите семејства. Докажано е дека вакцината е безбедна, докажано е дека е ефикасна, не треба да има страв, тоа е еден од начините да се спречи ширењето на вирусот. Битно е младите да се социјализираат, да ги вратат назад своите животи.

Знаеме колку им се промени животот во изминатиот период со тоа што немаа социјални контакти, со тоа што не одеа во училиште и затоа и за помладите важи правилото дека само со вакцинација може да ги нормализираат целосно животите. И затоа сега ставаме акцент на промоцијата, на повикот кон помладите да се вакцинираат,“ потенцираше Филипче.

Мотивирачки повик за сите млади испрати и студентот по медицина, Ернес Никочевиќ. Тој ги повика младите да се вакцинираат, повикувајќи се на искуството коешто го стекнал во изминатиот период од започнувањето на пандемијата, како волонтер во спроведувањето на епидемиолошките анкети на потврдени случаи со Ковид-19 во есенскиот период, во ковид центрите и во процесот на имунизација кадешто учествуваат преку 120 волонтери од медицинскиот факултет.

„Оваа моја порака денес сакам да ја упатам до сите млади луѓе во државата, моите врсници да покажеме еден висок степен на свест, на сериозност и на одговорност кога станува збор за јавното здравје, да се вакцинираме, да не дозволиме да се преплават здравствените капацитети, да се заштитиме себеси и да ги заштитиме луѓето околу нас,“ кажа Никочевиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски вети кворум за клучните антикризни закони, побара утре да се закаже седница во Собранието

Редакција

Починаа 16 лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 3.063

Редакција

Почна исплатата и на аптеките, од утре средства на сметките, велат од ФЗО

Редакција