еМагазин
Image default
Македонија

Дождот не го изгасна пожарот на Галичица, испратена теренска екипа

Теренската екипа составена од претставници на НП „Галичица” и Територијалната противпожарна единица од Охрид рано утринава е испратена на терен за гаснење на планинскиот пожар на планината  Галичица.

Градоначалникот Константин Георгиески, како што информираат од Општина Охрид, рано утринава бил на терен во подножјето на планината Галичица, каде што согласно заклучоците од вчерашниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид, била испратена првата група која, како што информираат, имала задача да направи увид на состојбата со пожарот и да делува каде што има потреба.

Вчерашните активностите за гаснење од воздух, врнежите од дожд и влажното време што ноќеска го зафатија Охридскиот регион влијаеа поволно за локализирање на пожарот.

-Бидејќи на локацијата на пожарот е регистрирана многу мала количина на врнежи, стручните лица од локалниот кризен штаб оценија дека временските прилики и дождливото време не се доволни за целосно локализирање и гаснење на пожарот. Поради тоа на теренот треба активно да се делува  континуирано да се следи на терен, се вели во соопштението од Општина Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожарот на Галичица се спушти на 1.600 метри надморска височина, во гаснењето се вклучи хеликоптер

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Бомба“ за Монструм открива дека екс министерот за правда Беџети не потпишувал екстрадиција на обвинетите од Косово

Редакција

По апсењето на македонскиот дипломат, Османи најави ветинг

Редакција

На следното рочиште за „Титаник“ ќе сведочи и Заев

Редакција